Македонија

Две недели нема вода во зградата на МРТ, вработените за тоалет одат во соседниот трговски центар, раце мијат со вода донесена од дома

Две недели нема вода во зградата на МРТ, вработените за тоалет одат во соседниот трговски центар, раце мијат со вода донесена од дома

Веќе две недели нема капка вода на повисоките катови од зградата на Македонската радио-телевизија. Стотици вработени од државни институции секојдневно се соочуваат со нехигиенски и понижувачки услови – користат тоалети во соседниот трговски центар и мијат раце со вода донесена во шишиња од дома.

Некои институции, како Агенцијата за слободен пристап до информации, го скратиле работното време поради ризик за здравјето. Директорката вели дека иако тоа влијае врз ефикасноста, здравјето на вработените ѝ е приоритет.

Надлежните се префрлаат со вина. Од Службата за општи работи велат дека проблемот е во недоволен притисок, а пумпите се „во функција“. Водовод, пак, појаснува дека хидрофорниот систем е внатрешна обврска на корисниците, а градскиот систем работи со намален притисок поради зголемена летна потрошувачка.

Решение сè уште нема, а институциите во зградата остануваат без основни услови за работа.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни