Македонија

Движењето за чист воздух утре со блокада пред „Дрисла“

Утре во 12:05 часот пред вратата на депонијата „Дрисла“, Движењето за чист воздух ќе одржи 15-минутна блокада.

Според ова движење, „Дрисла“ е потенцијално еден од најголемите загадувачи. Тие бараат промена на Прваилникот за извршување на инспекциски надзор и истиот да биде усогласен со ЕУ нормативи. Во најбрз можен рок да се донесат правилници за индустриски емисии и воведување најдобри производствени пракси за тој сектор и раскинување на договорот со италијанската фирма-концесионер, поради неисполнување ништо од договореното.

Од таму информираат дека надлежните имаат рок од 15 дена, доколку не бидат исполнети нивните барања, ќе го блокираат Град Скопје и ќе поднесат тужба.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни