Во живо Вонредна прес конференција Зборува губернерот Трајко Славески Гледај
Македонија

Двојно убиство во Скопје: Жртвите ги врзувале и задушувале, а украденото злато го продавале во Чаршија

Двојно убиство во Скопје: Жртвите ги врзувале и задушувале, а украденото злато го продавале во Чаршија

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои основано сомнение дека биле созивршители во две кривични дела – Разбојништво од член 237 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Во првиот настан, во раните утрински часови на 22 октомври, насилно влегле во куќа во Хром, сопственикот го врзале за рацете и нозете, почнале да го удираат по главата и телото и го задушиле со перница. Потоа пребарувале и претурале низ куќата, од каде одзеле пари и златен накит во вкупна вредност од 300.000 денари.

Истиот ден во попладневните часови, еден од осомничените ги зел останатите со неговотo возило и ги однел до златарница во Старата скопска чаршија каде го продале златото за износ од 2.840 евра.

Ноќта меѓу 26 и 27 октомври осомничените влегле во куќа во Ѓорче Петров, каде со употреба на физичка сила ја нападнале сопственичката, почнале да ја удираат по главата и телото, и ги врзале рацете, нозете и устатата и ја внеле во купатилото.

Жртвата починала од ударите, а тие од куќата одзеле пари, накит и вредни предмети, во вкупна вредност од околу 200.000 денари. На сличен начин како и првиот пат, украдениот златен накит го продале.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за сите четворица осомничени.

Со оглед на тоа што жртвите при разбојништвата со умисла биле лишени од живот, истрагата е поведена за тежок облик на кривичното дело, за кој е запретена казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни