Македонија

Еден од петте уапсени по протестите во Тетово штрајкува со ГЛАД

По протестите кои избија по трагедијата во Тетово во која во пожар загинаа 14 ковид пациенти, вкупно 5 лица завршија во исум дневен притвор. Еден од нив, според информации на медиумите, штрајкува со глад и одбвиа да јаде.

За Фокус ова го потврдија и од исѕтражниот затвор.

„Притвореникот не извести дека ќе штрајкува со глад, поради што домскиот лекар секој ден ќе му врши прегледи за да се следи неговата здравствена состојба. Денеска ќе го известиме и судот за ваквата оддлука на притвореникот“

изјави директорот на затворот Филип Андов за „Фокус“.

Од Основното јавно обвинителство Тетово информираат дека по поднесена пријава од СВР-Тетово поведена е постапка против пет лица за кои постои основано сомнение дека за време на протестите во Тетово, одржани на 17 септември 2021 година, го сториле кривичното дело „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие од член 384 став 2 од Кривичниот законик“.

За четворица од нив постапка се води и за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедност од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни