Македонија

Еден загинат и двајца повредени во сообраќајка кај Трновац, Кратово

Еден загинат и двајца повредени во сообраќајка кај Трновац, Кратово

На 17.10.2025 во 14:24 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионален пат кај место викано „Превалец“, во атар на с.Трновац, кратовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фиат добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Т.(54) од Скопје и патничко возило „дачија сандеро“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.В.(33) од Скопје.

Во несреќата на местото на настанот починал сопатникот од возилото „фиат добло“ А.А.(38) од Скопје и од страна на лекар констатирана била смрт, а со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, по што биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни