Вчера ( 13 декември ) околу 11 часот и 20 минути, пријавен е пожар во помошна просторија од куќа на жител на тетовското село Палатица.
Огнот најпрво пламнал во подрумска просторија каде бил поставен котел за парно греење, по што брзо се проширил наоколу.Опожарена е покривната конструкција на помошната просторија, а оштетена била и фасадата од куќата.
При гаснењето на пожарот, во кое со 3 возила учествувале тетовските пожарникари, се повредил Р.А.( 33 ), син на сопственикот на куќата и со медицинско возило пренесен е во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош.За нецел час пожарот целосно е локализиран.
Извршен е увид и се утврдува причината за пожарот, околностите во кои се случил и друго.
