На 03.02.2019 во 01.15 часот во Полициското одделение Градско, С.М.(28) од село Уланци, општина Градско, пријавил дека истиот ден околу 01.00 часот во казино на улица „Александар Македонски“ во Градско бил физички нападнат од Д.И.(25) од Градско.
Д.И. бил приведен и му бил изготвен записник за констатиран прекршок од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.