На повеќе локации низ Скопје во моментов се вршат претреси по убиството утрово кај Мавровка, дознава ТВ21.
Како што веќе објавивме, две лица се уапсени, а по едно се трага. Во потрагата вклучен е дрон, хеликоптер и специјални единици на МВР.
„Имено, на подрачјето на општина Чаир, забележено е патничко возило, кое се обидело да побегне, при што лицата од возилото пружиле отпор со употреба на огнено оружје. Полициските службеници возвратиле, по што едно лице е лишено од слобода“, велат од МВР.