Македонија

Едно лице загина на патот Кавадарци-Моклиште

Едно лице загина на патот Кавадарци-Моклиште

На 18.02.2024 во 12.20 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци – Моклиште, на излез од село Ваташа, кавадаречко, мотоцикл ,,хамачи” со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Л.С.(48) село Ваташа, излетал од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во болницата во Кавадарци, по што бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде што подоцна починал.

Увид на местото извршиле увидна екипа од ОВР Кавадарци и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни