Македонија

Едногодишно дете од Липково се затруло со лекови – се истражуваат околностите

Едногодишно дете од Липково се затруло со лекови – се истражуваат околностите

Едногодишно дете од липковското село Отља завршило во болница поради труење со лекови, информира Секторот за внатрешни работи Куманово. Случајот бил пријавен вчера во 18:31 часот од страна на медицинскиот персонал од Општата болница Куманово, каде што било донесено детето.

Полицијата извршила службени разговори со лекарот и родителите на детето, а за случајот бил информиран и јавен обвинител.

Од СВР Куманово велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на инцидентот и утврдување на точните околности под кои дошло до труењето.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни