Македонија

Еднократна парична помош од 40.000 денари: Јорданов понуди и плац за куќа, бесплатна градинка за семејството на штипската четворка

Еднократна парична помош од 40.000 денари: Јорданов понуди и плац за куќа, бесплатна градинка за семејството на штипската четворка

По објавата на 4news.mk за четворката која се роди во Скопје, стигна и реакција на градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

Еднократна парична помош од 40.000 денари, од страна на градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов ќе биде префрлено на сметка на Благица и Александар Зикови, кои станаа родители на штипска четворка.

Четирикратна среќа: На клиника во Скопје се роди четворка – три момчиња и едно девојче

Јорданов вели дека разговарал со Александар, таткото на Михаил, Теодор, Ведран и Леонтина и за она што како општина може да им се помогне.

-Помеѓу она, што ние како што општина може да им го понудиме како помош е да добијат плац за изградба на куќа, со бесплатни комуналии за градба, како и бесплатна градинка за четирите деца. Тоа е во рамките на нашите надлежности, вели Јорданов.

Штипскиот градоначалник очекува одговор во текот на наредниот период што е прифатливо за семејството Зикови, кои се родители на четири деца, а се родија на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни