Балкан

ЕК: Бугарија не може да продава руска нафта на други

ЕК: Бугарија не може да продава руска нафта на други

Бугарија, на почетокот на годинава, доби исклучок од санкциите воведени од ЕУ против увозот на руска нафта по морски пат поради нејзината географска локација, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на Европската комисија.

Исклучок е до крајот на 2024 година, истакна тој. Целта на исклучокот е Бугарија да може да ја набавува, а не да ја продава увезената руска нафта во други земји – од ЕУ или од странски земји, појасни тој.

Портпаролот додаде дека ова прашање е разјаснето во насоките за санкции. Насоките се претставени на веб-страницата на ЕК, додаде тој.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни