Македонија

ЕКСКЛУЗИВНО ФОТО+ВИДЕО: Убиениот е адвокат, возилото од кое е пукано пронајдено во Гази Баба

ЕКСКЛУЗИВНО ФОТО+ВИДЕО: Убиениот е адвокат, возилото од кое е пукано пронајдено во Гази Баба

Полициски хеликоптер е вклучен и трага по убиецот кај Гази Баба, дознава ТВ21. Возилото пак од кое е пукано е пронајдено на сред улица во општина Гази Баба. ТВ21 ексклузивно објавува фотографија од автомобилот и местото каде е пронајдено.

Автомобилот што се користел за убиството е со белгиски регистарски таблички.

Во исто време кај Мавровка продолжува да се врши увид и истрага на лице место каде што утрово беше убиено едно лице. Како што неофицијално дознаваме убиениот е адвокат.

Ова е второ убиство за помалку од 24 часа во Скопје. Синоќа при пукање во Сингелиќ убиено беше едно лице.

На терен во моментов се голем број на полициски екипи и амбулантно возило, а местото е оградено со полициска лента.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни