Државниот јавен обвинител денеска бил во Министерството за правда, каде што остварил средба со министерот Кренар Лога. Тема на разговор бил пожарот во модуларната болница, дознава 4NEWS.mk од свои извори.
Според нашите информации, тимот на Јавното обвинителство бил во Министерството за правда за да соберат дополнителни информации за предметот, кој по две години повторно е актуелен, откако Истражувачката репортерска лабораторија објави документарен филм во кој презентираше сериозни докази за пропусти направени во истрагата и оформувањето на обвинението.
Од таму тимот на Јавното обвинителство според наши информации се упатил и во Министерството за здравство каде исто така се разговарало и прибирале дополнителни информации во врска со пожарот во модуларната болница, изградбата на останатите модуларни болници, како и трансакнциите направени кон компанијата Брако.
За денеска од 12 часот пред судот во Тетово е закажан протест.