По долгата неизвесност околу неговото доаѓање, доцна вечерва, околу 23 часот, на Меѓународниот аеродром „Скопје“ слета авионот на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
4news.mk успеа да го сними неговото пристигнување, а во продолжение видео:
Посетата е поради учество на 30-тиот министерски совет на ОБСЕ кој се одржува токму во Скопје.
https://twitter.com/mfa_russia/status/1729995669916508557
Поради неговото доаѓање, членките Украина, Естонија, Литванија, Летонија и Полска нема да присуствуваат на овој совет.