Управата за извршување на санкции започна со реализација на третата судска одлука за примена на електронски надзор. Со одлука на Основниот суд во Охрид, на лице кое требало да издржува казна затвор во траење од една година, истата му е заменета со куќен затвор со електронски надзор.
Извршувањето на мерката ќе биде под постојан 24-часовен мониторинг на Одделението за електронски надзор, во координација со пробациската канцеларија во Охрид. Доколку осуденото лице не ги почитува упатствата за користење на опремата или ги прекрши определените ограничувања, пробациските службеници веднаш ќе го известат судот согласно одредбите од Законот за пробација.
Ова е втор случај на замена на затворска казна со куќен затвор под електронски надзор во овој регион, со што продолжува практиката за користење на современи механизми при извршувањето на санкциите.