Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Г-20, која е основана со цел да ги реши меѓународните економски прашања, не мора да биде местото каде што се очекува дипломатски напредок во однос на крајот на конфликтот во Украина.
Тој на прес-конференцијата рече дека декларацијата на Г20 не е дипломатска победа за Русија и дека самитот го остава изолиран, пренесува Ројтерс.
Русија денеска ја пофали декларацијата на Групата 20 најголеми економии, која директно не ја критикуваше Москва за нејзината агресија врз Украина и објави дека лидерите на самитот во Њу Делхи дејствувале во интерес на решавање на конфликтот.