Емине Мурати избрана за судија во Апелационен суд Гостивар, Вулнет Винца в.д. претседател на Основен суд Струга

Судскиот совет денеска ја избра судијката Емине Мурати за судија од кривична област во Апелационен суд Гостивар, додека судијата Вулнет Винца од Основен суд Охрид беше делегиран во Струга и избран за в.д. претседател на Основен суд Струга, каде што денеска му беше утврдено пензионирање на поранешниот претседател Ифет Бајрамовски.

На денешната 477. Седница на Судски совет на Република Северна Македонија беше утврдена конечната ранг листа за избор на судии на Апелационен суд Штип, и тоа од граѓанска област кандидати се Тодор Поп Панев, Сузана Милевска, и Александар Цацков, а  од кривична област, Цона Каламерникова, Ѓорѓи Андонов, Сузана Милевска, Јулијана Невкова и Невена Перица.

На седницата беа формирани Комисија за подготвување на кандидатски листи за избор на член на Советот и Комисија за утврдување на број на слободни судиски места  за основните судови во РСМ.

Планот за јавни набавки на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2024 година беше усвоен со дополнение за јавни набавки кое опфаќа шест набавки, помеѓу кои канцелариска опрема, опрема за снимање и гласање, информатичка опрема, софтвер за утврдување на сложеност на судски предмети и замена на подна покривка. Членот Селим Адеми, побара да се доуреди и набавката на симултан превод, за која рече дека е ветена одамна.

Точката со постапување по одлука на Управен суд беше повлечена, а на 12 судии поротници од Апелационен суд Гостивар им беше утврдено истекување на мандатот.

Барањето  за патни трошоци на судијката Габриела Гајдова, судија на Апелационен суд Скопје, беше одобрено, додека, за барањето на судијата Александар Шопов Советот одлулчи да дискутира на наредната седница.

Денеска беа усвоени и записниците од 463, 473 и 475-та итна седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија со забелешка повеќе да се внимава на нивната содржина, а точките поврзани со утврдување на одговорност на судија/претседател на суд, како и вообичаено, беа затворени за јавноста.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното