Турскиот претседател Реџеп Ердоган се сретна со албанскиот премиер Еди Рама во Анкара, објавија турската државна телевизија ТРТ-Хабер.
Ердоган го прими Рама во претседателската палата Бештепе во турската престолнина. Средбата се одржа зад затворени врати.
Еди Рама вчера присуствуваше и на церемонијата на отворање на Петтите исламски игри на солидарност во Коња, Централна Турција. Игрите ги отвори претседателот Реџеп Таип Ердоган, а на церемонијата беа присутни и голем број лидери на муслиманските земји.