Во еден од најголемите напади од почетокот на конфликтот, Израел денеска нападна повеќе од 300 цели на Хезболах, при што загинаа 100 лица, а преку 400 се повредени, пишува Скај Њуз.
Телефонската компанија на Либан, во понеделникот забележала повеќе од 80.000 сомнителни израелски повици, од кои барале од луѓето да се евакуираат од одредени области во Либан.
Челникот на локалниот телекомуникациски оператор Огеро, Имат Креидиех кажа дека комуникацијата е „психолошка војна за создавање на пустош и хаос“.
Нема потврда за тоа кои ги правел телефонските повици.