ЕСМ: Во РЕК Битола нема дефект на Блок 1, ниту било какви други сериозни проблеми

– Блок 1 на РЕК Битола е плански исклучен од мрежа заради повеќе интервенции на различни позиции во постројката. Предвидено е активностите да завршат до сабота и викендов Блок 1 повторно да биде ставен во функција. Активностите се преземени плански токму деновиве бидејќи сите останати капацитети на АД ЕСМ се во погон и произведуваат електрична енергија со која во целост се задоволуваат потребите на домаќинствата, на малите потрошувачи и на останатите капацитети согласно владините задолженија се вели во демантот од ЕСМ.