Свет

ЕУ го казни „Мастеркард“ со 570 милиони евра

Европската комисија ја казни познатата компанија „Мастеркард“ со 570.6 милиони евра поради примена на прописи кои вештачки ги подигнале трошоците за плаќањата со картици во Европа.

Од ЕК е соопштено дека „Мастеркард“ заработи казна поради тоа што на трговците им ја ограничувала можноста за користење на поволни кредити кои ги нудат банките ширум ЕУ, јавува Ројтерс.

„Правилата на „Мастеркард“ вештачки ги подина трошоците на плаќање со картичките, и со тоа е нанесена штета на потрошувачите во ЕУ“, рече европската комесарка за заштита на конкуренцијата Маргарет Вестагер.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни