Свет

ЕУ се подготвува за хемиски, биолошки и радионуклеарни итни случаи

ЕУ се подготвува за хемиски, биолошки и радионуклеарни итни случаи

Европската унија формираше резерви од 540 милиони евра за да се подготви за хемиски, биолошки и радио-нуклеарни вонредни состојби.

Според писменото соопштение на Комисијата на ЕУ, залихите ќе содржат лекови, опрема и вакцини за лекување на лица изложени на вакви итни ситуации.

Дополнително, ќе се складираат и персонал и опрема за деконтаминација на луѓе, инфраструктура, згради, возила или критична опрема што биле изложени на овие супстанции.

Во овој контекст, ЕУ, како прв чекор, испрати приближно 3 милиони таблети калиум јодид во Украина во рамките на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ.

Побарувачката за таблети со јод се зголеми во Европа поради загриженоста за руско-украинската војна и конфликтите во близина на нуклеарната централа Чернобил.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни