Еве како да ги направите колачињата од најпознатата серија Squid Game

Една од најпознатите серии на „Нетфликс“ – Squid Game буквално ги зафати социјалните медиуми – но сега истата влијае на нашите навики во исхраната.

Корејското шоу, кое станува најгледаната серија на платформата за стриминг, остави таков белег кај гледачите што започна вистински нов тренд во печењето!

Во една од епизодите видовме колачиња направени од печен шеќер и сега целиот свет се обидува да ги направи!

Во една од смртоносните игри, учесниците добиваат веќе печено колаче кое треба да го „избоцкаат“ и да ја извадат правилната форма. Кој не успее во ова, добро ако ја гледавте серијата – „лета главата“. Ова е само една од навидум наивните игри што децата нормално ги играат, и кои имаат ужасен исход во хитот на Нетфликс.

Овие колачиња се нарекуваат далгона, а во Кореја беа, исто така, предмет на игра. На тезгите каде што се продаваа, се добива и чепкалка за заби, а доколку успеете да го исечете колачето и истото да не се скрши, не би морале да го платите.

Многу лесно се прават, а се што ви треба е шеќер и сода бикарбона.

Загрејте го шеќерот на среден оган додека не се карамелизира, потоа додадете малку сода бикарбона и мешајте се додека не се направи како пена.

Потоа истурете го на плех обложен со хартија за печење, израмнете и потоа притиснете со калап и почекајте да се стврдне.

Во продолжение видео: