Еве како да направите вкусни и крцкави печени компири

Нутриционистката Лора Форд од Мелбурн ја откри тајната што самата ја користи за подготовка на печени компири, кои секојпат излегуваат крцкави.

„Овој печен компир предизвикува вистинска зависност. Совршена рамнотежа на слатко и солено, со крцкави рабови. Едноставно, нема да може да престанете да го јадете“, напиша таа.

Потребни состојки:

  • два килограми црвен компир
  • две лажици маслиново масло
  • 50 грама путер
  • зачини за сите намени
  • сол и бибер
  • една / две лажици мед (или јаворов сируп)

Подготовка:

Се става вода да зоврие и се додаваат компирите. Се подготвуваат 4-5 минути додека не омекнат, но да не станат кашести.

Додека компирот се вари, рерната се загрева на 200 Целзиусови степени. Се става маслиновото масло и путерот се пржи во тава две минути додека не се растопи. Се додаваат компирите и зачините, а потоа и сол и бибер. Компирот треба да биде рамномерно распореден и да не се преклопува – заради максимална крцкавост.

Сето ова се пече 30 минути, потоа се превртува и се пече уште 25-30 минути додека не стане крцкаво, а потоа додека се топли компирите врз нив се истура медот (или јаворов сируп).