Македонија

Еве каква временска прогноза не очекува во првата половина од август!

Еве каква временска прогноза не очекува во првата половина од август!

Во наредните 14 дена Македонија ја очекува променливо време со температури кои ќе се движат од пријатни 21°C до екстремно високи 37°C.

Според прогнозата, периодот до 4 август ќе биде главно стабилен, со постепено зголемување на температурите. Најтопло ќе биде на 3 август (недела) кога се очекуваат 35°C.

Од 5 август (вторник), следува промена – се најавуваат локални поројни дождови и грмежи, особено на 5 и 6 август. Температурите тогаш ќе паднат на околу 21–23°C.

По оваа кратка нестабилност, од 8 август се враќа сончево и многу топло време. На 9 август (сабота) и 11 август (понеделник) се очекуваат температури до 36°C, додека врвот на горештините ќе биде на 13 август (среда), кога се прогнозираат 37°C.

Граѓаните се советуваат да избегнуваат директна изложеност на сонце во попладневните часови и да внимаваат на хидратација, особено за време на најжешките денови.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни