Македонија

Еве какво време не очекува викендов

Во сабота ќе има зголемена облачност, а кон крајот на денот и локални врнежи од дожд.

Под влијание на влажна и студена воздушна маса во недела и понеделник времето ќе биде облачно, ветровито и значително постудено со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Пообилни врнежи се очекуваат во недела, особено во јужните и источните делови, а дневната температура ќе се намали за повеќе од 10 степени.

Од вторник ќе настапи стабилизација со пониски утрински температури.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни