Максималните температури денеска беа 28 Крушево, 29 Лазарополе, Маврови Анови, 30 Претор, 31 Охрид, 34 Берово, Крива Паланка, Битола, 35 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, 36 Кавадарци, Тетово, Виница, Струмица, 37 Гевгелија, Демир Капија, Скопје-Петровец, 38 Штип, Велес, велат од УХМР.
Денес времето претпладне беше сончево околу пладне започна развој на нестабилна облачност во југозападниот дел, а потоа и на севереозападот и кон Кавадарци. Доцна попладне особено е нестабилно на северот на Полог и од тоа облачно јадро кое таму се задржува подолго време има пороен дожд, грмежи, засилен ветер и повремено и појава на град. Иако има слабо движење, сепак облачноста се преместува кон север и североисток.
Времето до крајот на денот од вечерните часови нестабилноста ќе намали и облачноста ќе ослабнува. Преку ноќта ќе дува слаб променлив ветер.