Максималните температури денес беа 17 Попова Шапка, 25 Крушево, Маврови Анови, 27 Лазарополе, 28 Берово, 29 Прилеп, 30 Крива Паланка, Тетово, 31 Битола, Претор, Штип, 32 Скопје-Петровец, Охрид, 33 Скопје-Зајчев Рид, Велес, Кавадарци, 34 Виница, Струмица, 35 Демир Капија, Гевгелија.
Времето денес е сончево со слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен северен ветер кој наместа достигнуваше брзина до 55 km/h.
Времето до крајот на денот ќе биде сончево со слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови наместа засилен северен ветер. Во текот на ноќта ведро со слаб до умерен северен ветер.
Времето утре ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. UV=8
Во Скопје сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Минималната
температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 36 степени.