Максимални температури денес беа 26 Попова Шапка, 31 Крушево, 33 Маврови Анови, Лазарополе, 35 Берово, Претор, 36 Охрид, 37 Прилеп, Крива Паланка, Битола, Тетово, 39 Струмица, Гевгелија, 40 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Кавадарци, Демир Капија, 41 Виница, Велес, 43 Скопје-Петровец.
Наврнат воден талог за изминатите 9 часа до 17 часот (во l/m 2 ) 2 Берово.
Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на
дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Времето денес беше сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во северозападниот, североисточниот и источниот дел од земјава имаше локална појава на нестабилност со краткотраен дожд и грмежи. Дуваше слаб до умерен ветер од променлив правец.
Времето до крајот на денот ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. На места ќе има краткотраен дожд и грмежи. Во текот на ноќта ќе преовладува ведро и претежно тивко време.
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. UV=8
Во Скопје сончево и топло, попладне со умерен развој на нестабилна облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 39 степени.