Максималните температури денес беа 23 Попова Шапка, 25 Претор, 27 28 Крушево, 29 Лазарополе, 32 Виница, Берово, Охрид, Битола, 33 Прилеп, Крива Паланка, 35 Струмица, Гевгелија, 36 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Демир Капија, Кавадарци, 37 Штип, Велес, 38 Скопје-Петровец.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 9 часа до 17 часот (во l/m 2 ) 14 Лазарополе, 5 Маврови Анови, 4 Прилеп, 2 Претор, 1 Крушево, Охрид.
Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Времето денес беше претпладне времето во земјава беше сончево со мала до умерена локална облачност. Од пладне имаше локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, кој подоцна се интензивираше и во повеќе места беше во форма на невреме со засилен ветер и локална појава на град. Поинтензивни процеси имаше во Куманово, Пробиштип, Кратово, како и во подрачјето помеѓу Штип и Свети Николе.
Времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме.
Времето утре ќе биде претпладне умерено облачно со слаб до умерен јужен ветер.
Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер(над 60км/ч.) и појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе
достигне од 28 до 35 степени. UV=6
Во Скопје претпладне умерено облачно, попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за
појава на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе
достигне до 33 степени.