Максималните температури денес беа 21 Попова Шапка, 27 Крушево, Лазарополе, Маврови Анови, 30 Берово, Претор, 31 Прилеп, Битола, Берово, Крива Паланка, 32 Охрид, 33 Тетово, 34 Штип, 35 Струмица, Гевгелија, Кавадарци, Виница 36 Скопје-Зајчев Рид, Велес, Демир Капија, 37 Скопје-Петровец.
Времето денес е сончево со мала до умерена облачност. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Времето до крајот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во текот на ноќта ќе биде малку до умерено облачно. Ќе дува со слаб до умерен северен ветер.
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.
Попладне и во вечерните часови ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се движи од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. UV=6
Во Скопје Сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за краткотрајноневреме. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 33 степени.