ЕВН Македонија АД Скопје, му отстапи едно користено теренско возило („дастер“) за трајно костење на Центарот за управување со кризи (ЦУК), како поткрепа за извршување теренски активности при редовни и кризни состојби.
Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, по примопредавањето на возилото, во рамки на континуираната соработка со групацијата ЕВН во Македонија, имаше куса средба со нивниот претставник, Орце Милчов, при што се заблагодари за соработката со ЦУК и поткрепата, со што се остварува и голем степен на општествена одговорност.