Македонија

Европскиот фронт ја напушти собраниската седница на која се гласа за нова Влада

Европскиот фронт ја напушти собраниската седница на која се гласа за нова Влада

Европскиот фронт вечерва ја напушти собраниската седница на која се дебатира за изборот на нова влада. Блерим Беџети, координаторот на пратеничката група рече дека нема да гласаат за новата влада бидејќи таа „нема легитимност од етничките заедници“.

-Ние не сме дел од овој циркус. Ве информираме дека нема да учествуваме на гласање бидејќи немаме право од мнозинството Албанци и другите етникуми да легитимираме една влада која што нема легитимност од етничките заедници. Оневозможувате но не може устата да му ја затворите на мнозинството Албанци кои што гласаа друг член и господине мандатар тие ќе зборуваат. Мене ми е јасно дека вие сте нашле добри измеќари. Од вашата активност во Велес вие кажавте дека сте ги вратиле 2/3 од позициите и да се Албанци тие се граѓани на оваа држава, но премиерот треба да владее и да биде премиер за сите граѓани и за сите етникуми. Од дебатите што ги имавме овде, од мешањето на Албин Курти, овде го имаме Стоиљковиќ давајќи поддшка за Влен и ќе биде министер за односите меѓу заедниците, истакна Беџети.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни