Македонија

Европскиот фронт се чувствувалe навредено, еве зошто си отидоа од сред седница

Европскиот фронт се чувствувалe навредено, еве зошто си отидоа од сред седница

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска на прес конференција објасни зошто Европскиот фронт ја напушти вчерашната седница на Собранието на која за претседател беше избран Африм Гаши од Вреди.

Ахмети рече дека Европскиот фронт се чувствува навреден бидејќи е нарушен легитимитетот на граѓаните.

„И вчера помогнавме во Собранието на Републиката, во верификацијата на мандатите, но го напуштивме Собранието затоа што се почувствувавме навредени што беше укинат легитимитетот на сите оние претставници кои се изјаснија на 8 мај“, рече меѓу другото Ахмети.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни