Фантастична сезона: Струга и Охрид задоволни од бројот на туристи

Хотелиерите во Струга и Охрид се задоволни од летната сезона. Велат дека оваа година била уште подобра од ланската и ја опишуваат како година со повеќе туристи во последните години иако сезоната се уште не е завршена. Над 90% од сместувачките капацитети во овие два туристички града беа полни.

Годинава се чини ја надмина минатата година со туристи бидејќи и оваа година сезоната почна порано поради добрите климатски услови.

Дури и проблемот со недостигот на кадар беше донекаде покриен, вели Блажески, кој вели дека од странство требаше да дојдат близу 1.000 работници, но дојдоа околу 200, а останатите беа покриени со локални работници, особено млади од средните училишта.

Минатата година Охрид и Струга ги посетиле над 200.000 странски туристи од почетокот на туристичката сезона, врз основа на податоците на Македонската хотелска асоцијација. Овогодинешните податоци се очекува да бидат објавени на крајот на септември.