Секретарот на општина Чаир, Фарук Невзати на својот Фејсбук профил пишува дека законски општините имаат право да финансираат научно-истражувачка дејност, како во случајов Албанската академија на науките.
„Членот 49 став (1) од законот, во делот во кој е дефиниран начинот на финансирање на истражувачко-научната дејност, каде што е наведено:
„Средствата за финансирање на истражувачко-научната дејност се обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија во согласност со целите и приоритетите дефинирани со Националната програма, како и во развојните програми од јавен интерес за Република Северна Македонија и од други извори: програмите и меѓународните фондови, единиците на локалната самоуправа, правните лица, личните приходи, легатиите, подароците, тестаментите, дополнителните документи и извори“, пишува тој.