Македонија

Фатмир Битиќи нема да се кандидира за нов лидер на СДСМ

Фатмир Битиќи нема да се кандидира за нов лидер на СДСМ

Фатмир Битиќи, пратеник и член на СДСМ се огласи на социјалните мрежи по последните актуелности во неговата партија и поднесените кандидатури за иден лидер. Најавува дека нема да се кандидира за нов предводник на СДСМ, со цел да ја спречи „понатамошната фрагментација и поларизација меѓу членството“.

„Фактот што во последните 3 години ја извршував функцијата потпретседател на СДСМ не ме фаворизира, а ниту ме прави посоодветен од било кој(а) член(ка) на партијата – сите сме еднакви, а впрочем тоа е и една од основните вредности на социјалдемократијата. Знам и дека многу од моите сопартијци и сопартијки како и голем дел од моите пријатели кои се симпатизери на СДСМ очекуваат да бидам еден од кандидатите во претстојниот избор за претседател – тоа ми претставува огромна чест и верувам дека како и досега, многумина од нив живеат и придонесуваат за нашето општество преку истите вредности како и јас“, вели Битиќи во објавата на фејсбук профилот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни