Во живо Вонредно Ноќно студио 20:00 „Кризата со Алта Банка“ Гледај
Македонија

Фатон Ахмети си поднесе оставка од ФЗО, ангажманот ќе го продолжи фокусирајќи се на визијата на Али Ахмети!

Фатон Ахмети си поднесе оставка од ФЗО, ангажманот ќе го продолжи фокусирајќи се на визијата на Али Ахмети!

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Фатон Ахмети, во Фејсбук статус сподели дека поднесува оставка од функцијата генерален директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО).

– Ве известувам дека, денеска, поднесов оставка од функцијата Генерален Директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, напиша Ахмети, кој доаѓа од редовите на ДУИ.

Тој подолу во објавата вели дека својот ангажман ќе го продолжи фокусирајќи се на партиските задачи, со максимална посветеност во реализација на, како што вели, „визијата на Али Ахмети“.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни