Македонија

ФФМ и ФК Брегалница со остри реакции по нападот врз млади фудбалери во Штип

ФФМ и ФК Брегалница со остри реакции по нападот врз млади фудбалери во Штип

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и ФК Брегалница со остри реакции по повод инцидентот на младинскиот натпревар во Штип, меѓу Брегалница и Шкупи, каде родител на гостински фудбалер физички нападнал и повредил двајца млади играчи на штипскиот тим.

Од ФФМ порачаа дека ваквото однесување е апсолутно неприфатливо и претставува грубо кршење на спортскиот дух и фер-плеј принципите, особено затоа што жртви биле деца. Федерацијата најави дисциплинска постапка против ФК Шкупи и санкции за сторителите, со порака дека „за насилство нема компромис“. Дополнително, најавени се мерки за подобра превенција и зголемена безбедност на младите спортисти.

Сличен став изрази и ФК Брегалница, од каде нагласуваат дека спортот мора да биде симбол на почит, култура и здрави навики, а не сцена на насилство. Клубот најави барање за максимални санкции и институционална реакција со цел да не се повтори ваков инцидент.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека нападот го извршил 43-годишен родител на фудбалер од „Шкупи“, кој физички нападнал двајца малолетни играчи на „Брегалница“. Повредените деца се пренесени во Клиничката болница во Штип, а напаѓачот веднаш е уапсен од полицијата.

Поврзана објаваВИДЕО Физичка пресметка на младинскиот натпревар на Брагалница и Шкупи во Штип – родители нападнале играчи

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни