Македонија

Фиктивни тендери и присвоени лекови – одобрено обвинението, Васев и Нухи го оштетиле буџетот за 36 милиони евра!

Фиктивни тендери и присвоени лекови – одобрено обвинението,  Васев и Нухи го оштетиле буџетот за 36 милиони евра!

Кривичниот суд во Скопје го одобри обвинението против поранешните директори на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев и Нахад Нухи, за сериозни злоупотреби во службата, измама и проневера во периодот од 2018 до 2022 година.

Според обвинителството, тие незаконски набавувале лекови и со фиктивни тендери и нереални пресметки ѝ нанеле штета на државата од речиси 36 милиони евра.

Васев е обвинет и во посебен предмет за несоодветно лекување на пациенти, каде се товари дека применувал неподобна терапија кај најмалку 29 пациенти. Судењето за овој случај е одложено за 5 септември.

Истражните органи тврдат дека обвинетите ги прикривале незаконските набавки и дел од лековите не биле аплицирани на пациентите, туку биле присвоени, со што направиле и лична имотна корист од над 13 милиони денари.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни