Македонија

Филипче: Да се води СДСМ е потешко од било која сложена операција, немам волшебно решение за преку ноќ да станеме владеачка партија

Филипче: Да се води СДСМ е потешко од било која сложена операција, немам волшебно решение за преку ноќ да станеме владеачка партија

Денешниот конгрес е пресвртница во опозициско делување на СДСМ, рече партискиот лидер Венко Филипче отворајќи го денешниот партиски конгрес кој започна со силни аплаузи и интонирање на македонската химна.

„Нов почеток, нова надеж, дека ќе ја вратиме партијата таму каде што и е местото, на победничките патеки, а СДСМ да продолжи да ја гради иднината на државата. Немам волшебно решение со кое СДСМ преку ноќ може да стане владеачка партија“, изјави Венко Филипче.

Тој додаде дека време е да се прифати дека од различен агол сите социјал демократи се виновни.

„Секој на совеста го носи товарот дека моментално СДСМ се соочува со предизвик за враќање на довербата кај граѓаните“, додаде Филипче.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни