Македонија

Филипче: Квазипатриотите зборуваат за патриотизам, а имаат бугарски пасоши!

Филипче: Квазипатриотите зборуваат за патриотизам, а имаат бугарски пасоши!

Лажниот патриотизам е карактеристика на ВМРО-ДПМНЕ, истакна денеска од Крива Паланка претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Д-р. Венко Филипче.

– ВМРО-ДПМНЕ зборува за патриотизам, а имаат бугарски пасоши, тоа е квазипатриотизам и лицемерие. 

Единствена гаранција за Македонија е АСНОМ-ската идеја за заедништво и праведност.  Македонија не смее да биде изолирана , мораме да останеме дел од светот кој се движи напред, дел од НАТО и да станеме дел од ЕУ. Ние таму припаѓаме, меѓу развиените земји.

СДСМ е единствениот гарант за европската иднина, ние не се плашиме од реформи, од европски обвинители, а тие кои денес владеат и тоа како имаат. Затоа ќе прават се, ќе се кријат зад лажен патриотизам за да избегнат одговорност, потенцира Филипче.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни