Македонија

Филков: Одлуката за помилувањата треба да се донесе професионално, без надворешно мешање

Филков: Одлуката за помилувањата треба да се донесе професионално, без надворешно мешање

Помилувањето на смее да биде злоупотребено за политичка битка, вели министерот за правда, Игор Филков. Додаде дека помилувањето е дел од системот за рехабилитација и ресоцијализација.

„Комисијата за помилување пред себе мора да ги има фактите за делото врз кое е донесена осудителната одлука како и пропратните документи без да биде наведено име, и одлуката би требало да ја носи професионално и со личниот и професионалниот кредибилитет, без надворешно мешање“, вели Филков, пренесе Канал 5.

Инаку, полицијата го потврди денешното апсењето на Акив Равманоски кого претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го помилува.

Сиљановска-Давкова помилува десет осуденици, меѓу нив се најде и името на поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески, а големо внимание предизвика и Шенол Маслани од Арачиново.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни