Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на социјалната мрежа Х изјави дека Македонија треба да продолжи со пристапувањето во ЕУ со спроведување реформи и почитување на склучените договори, вклучително и договорот од Преспа.
Вчера Гордана Силјановска-Давкова положи заклетва како претседател, таа не го користеше официјалното име на државата, Република Северна Македонија, туку само „Македонија“.
„За Северна Македонија да продолжи по својот успешен пат кон пристапување во ЕУ, најважно е земјата да продолжи по патот на реформите и целосно почитување на обврзувачките договори, вклучително и Договорот од Преспа“, напиша Урсула фон дер Лајен. Таа во претходна објава само и ја честиташе инаугурацијата на Горадна Силјановска.