Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска за време на посетата на Киев изјави дека ЕУ ќе и додели на Украина заем до 35 милијарди евра за да и помогне во војната со Русија.
Заемот е дел од поширокиот план меѓу земјите од Г7 за собирање средства со средствата од замрзнатите руски средства кои се под санкции поради војната со Украина, пренесува Ројтерс.
Фон дер Лајен вчера во Брисел објави дека Европската комисија дополнително ќе одвои околу 160 милиони евра за помош на енергетскиот систем на Украина, што вклучува 60 милиони за хуманитарни потреби и 100 милиони за поправки и реконструкција.