Македонија

Фон Дер Лајен на 29-ти во Скопје, ќе се вози во мерцедесот на Груевски

Фон Дер Лајен на 29-ти во Скопје, ќе се вози во мерцедесот на Груевски

Шефицата на Европската Комисија на 29-ти месецот доаѓа во посета на Скопје, дознава 4NEWS.mk

Според наши извори таа доаѓа со цел да даде поддршка на процесот за евроинтеграција на Македонија.

Поминаа повеќе од 50 дена откако започна седницата за уставни измени на која треба да се внесат Бугарите во Уставот.

Продолжението се уште не се закажува бидејќи власта нема 80 пратеници кои би дале зелено светло.

Опозицијата е на јасен став дека предлог уставните измени се под како што велат тие бугарски диктат.

Доколку не се реализираат уставните измени пред завршувањето на скрининг процесот, тоа ќе значи кочница за патот на Македонија кон ЕУ. Нема да се одржи втората меѓувладина седница меѓу Скопје и Софија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни