Македонија

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 42 нови стипендии

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ дванаесетта година по ред, доделува стипендии на студенти на Фармацевтскиот и Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Годинава, доделени се 42 нови стипендии на 22 студенти на Фармацевтскиот и 20 студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје. За прв пат годинава Фондацијата ‘Трајче Мукаетов’ има 5 првенци на генерацијата, сите со просек 10,00. Еден од првенците, веќе од наредниот месец ќе ја започне својата кариера во ‘Алкалоид’, а до крајот на годинава, вкупно 81 стипендирани студенти ќе бидат дел од компаниските процеси. Под закрила на фондацијата ‘Трајче Мукаетов’ во септември годинава се спроведе деветтиот по ред хуманитарен хепенинг организиран за вработените на компанијата. Собраниот износ од 1,2 милиони денари се донирани на здружението на граѓани „О2 Иницијатива“ за поддршка на нивните заложби за заштита и одбрана на природата и обезбедување на чиста и здрава животна околина.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни