Македонија

Формирана Комисија за преиспитување на неправилностите и недостатоци поврзани со исхраната на Армијата

Формирана Комисија за преиспитување на неправилностите и недостатоци поврзани со исхраната на Армијата

Министерството за одбрана информира дека формирана е Комисија со цел преиспитување на сите неправилности и недостатоци поврзани со исхраната на Армијата.

„Во врска со пријавите за стомачни тегоби на лица од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ и Воено медицинскиот центар во касарната „Боро Менков“ во Куманово, пријавени на 12-ти септември, а поврзани со организираната исхрана на припадниците во Армијата и Министерството за одбрана ја информираме јавноста дека во Министерството за одбрана формирана е Комисија која има за цел преиспитување на сите неправилности и недостатоци од Договорот.

Комисијата е во состав на одговорни лица од сите сектори и секции од Министерството и Генералштабот на Армијата и доколку се утврдат неправилности или недостатоци во однос на реализација на склучениот договор од страна на фирмата, министерството ќе преземе мерки за раскинување на Договорот“, велат од таму.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни