ФОТО 200 илјади денари е штетата по синоќашната сообраќајка кај Сити Мол – 20 годишници управувале Ауди А5 и Рено Каптур

На 04.07.2025 година во 23,25 часот на крстосницата на булеварот „Партизански одреди“ со улицата “Лондонска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Рено каптур“ управувано до Д.И. (20) од Скопје и патничко возило марка „Ауди А-5“ управувано од Е.С. (20) исто така од Скопје.

Во несреќата со телесни повреди се здобиле Е.С. како и неговите двајца сопатници А.И. (26) и Е.Б. (21) а констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и тие сите се пуштени на домашно лекување.

Увид е извршен од увидна екипа при СВР Скопје а причинета е материјална штета од околу 200.000 денари.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.